
SwitchBot е глобален бренд оформен околу едноставна, но генијална идеја: како од обични уреди да се создадат паметни решенија, без да мора да се менува или реновира целиот дом. Основан со став дека смарт технологијата треба да биде достапна за сите, SwitchBot создава уреди кои не бараат реновирање или сложени инсталации, туку веднаш се вклопуваат во вашиот дом.

Визија за едноставност и квалитет
Мисијата на SwitchBot е секој дом да стане попаметен чекор по чекор, без стрес и непотребни трошоци. Со нивните ретрофит уреди, корисниците можат постепено да додаваат нови технологии во домот, со што живеењето станува поудобно, поефикасно и побезбедно.
SwitchBot верува дека паметниот дом не треба да биде привилегија или луксуз, туку реалност за секого. Затоа нивните уреди се создадени да бидат едноставни за инсталирање и користење, без потреба од посебни вештини или скапи инсталации. Секој производ е внимателно дизајниран така што корисникот за неколку минути може да го додаде во својот дом и веднаш да почне да го користи.
Квалитетот на SwitchBot не се гледа само во врвната физичка и механичка изработка, туку и во начинот на кој уредите функционираат. Тие се дизајнирани да бидат робусни, да издржат години користење и да обезбедат беспрекорно функционирање. Секој производ поминува низ строги процеси на тестирање, што гарантира дека корисниците ќе добијат сигурно и стабилно решение во секоја ситуација.

Она што дополнително го издвојува SwitchBot е континуираната грижа за подобрување. Со редовни софтверски надградби и унапредувања, уредите стануваат уште понапредни и покорисни со текот на времето, без потреба од замена. На тој начин купувачите не инвестираат само во уред, туку во долгорочна вредност – технологија што се развива заедно со нивните потреби и останува сигурен дел од домот.
Денес SwitchBot не е само компанија што произведува поединечни уреди, туку е бренд со јасна визија – да изгради целосен екосистем кој ќе работи заедно и ќе го олесни секојдневието. Компанијата постојано инвестира во истражување, развој и студии за корисничко искуство, со што нивните производи редовно добиваат признанија и позитивни рецензии на глобално ниво.
Производи и екосистем
Првиот производ со кој SwitchBot ја започна својата приказна е SwitchBot Bot – минијатурен уред кој физички притиска копчиња и ѕидни прекинувачи. Неговата едноставност е генијална: без потреба од каблирање или измена на апаратот, секој стар уред – ламба, кафе-машина или ѕиден прекинувач – веднаш станува паметен и достапен преку апликација или гласовна команда. Овој производ го постави темелот на целата филозофија на SwitchBot: да се надградува она што веќе го имате, наместо да се заменува.
Врз оваа основа, брендот постепено изградува цела палета уреди. Денес во нивниот асортиман ќе најдете роботи за завеси и ролетни, паметни брави, паметни термостати, паметни прекинувачи, универзални далечински управувачи, сензори за температура и квалитет на воздух, безбедносни камери и робот правосмукалки.
Секој производ е дизајниран да биде самостоен и практичен, но и да се поврзува со останатите уреди, формирајќи еден целосно интегриран систем. Благодарение на оваа поврзаност, вашиот сензор за температура може да ја активира климата, завесите можат автоматски да се затворат при заоѓање на сонцето, а бравата на вратата може да се отклучи во моментот кога пристигнувате дома. SwitchBot уредите се компатибилни со најпознатите платформи како Google Home, Amazon Alexa, Apple Home, Homey, IFTTT, Home Assistant, како и со новиот стандард Matter – што значи дека без разлика кој систем го користите, тие секогаш ќе бидат компатибилни со вашиот постоечки систем.
Како SwitchBot уредите го подобруваат вашиот живот?
SwitchBot не нуди само интересни технолошки додатоци, туку вистински решенија за малите, но чести фрустрации во домот. Со едноставна филозофија на надградба наместо замена, овие уреди директно ги елиминираат секојдневните стресови – од изгубени клучеви до чистење прашина. Во продолжение погледнете како конкретните SwitchBot иновации ги решаваат проблемите со кои се соочувате секој ден,
Безбедност без клучеви за Вашата врата

Проблем: „Каде ми се клучевите?“ и „Дали ја заклучив влезната врата?“
Решение: SwitchBot Lock Ultra
Сите го знаеме она чувство на паника кога брзаме за на работа и не можеме да ги најдеме клучевите или кога веќе сме излегле и се прашуваме дали сме ја заклучиле влезната врата. SwitchBot Lock Ultra е паметна биометриска брава кој се монтира врз вашата постоечка брава од внатрешната страна без никакво дупчење.
Овој уред ви овозможува целосно да заборавите на клучевите и да отклучувате со отисок од прст, отпечаток од лице, преку телефон, ПИН код, NFC таг, NFC картичка или гласовна команда. Штом ја затворите вратата, таа автоматски се заклучува зад вас за да бидете сигурни дека вашиот дом е безбеден. SwitchBot Lock Ultra доаѓа со главна литиумска батерија на полнење, вградена резервна батерија и многу брз и силен мотор, па дури и ви овозможува да им отклучите на гостите од далечина додека вие се уште сте на работа.
Прочитај повеќе за SwitchBot Lock Ultra.
„Механички прст“ за секој прекинувач

Проблем: „Глупави“ апарати кои бараат физичко притискање
Решение: SwitchBot Bot
За сите оние „глупави“ апарати кои бараат физичко притискање на копче, тука е легендарниот SwitchBot Bot, малото роботче кое дејствува како механички прст што го лепите врз прекинувачот. Идеалната примена е за вашата стара кафе-машина или компјутер, за којшто можете да креирате автоматизација апликацијата да му даде наредба на роботчето да го притисне копчето уште додека спиете. Така, наместо да чекате во кујната, топлото кафе веќе ќе ве чека подготвено штом ќе станете од кревет, штедејќи ви драгоцено време наутро.
Прочитај повеќе за SwitchBot Bot.
Робот и рачна правосмукалка во еден систем

Проблем: „Парадокс на полу-исчистен дом и двојна работа“
Решение: SwitchBot K10+ Pro Combo
Иако роботските правосмукалки како SwitchBot S20 се фантастични, тие создаваат еден фрустрирачки проблем за корисниците: роботот може да го исчисти само подот, и тоа само онаму каде што физички го собира. Ова ве оставува со „полу-исчистен“ дом бидејќи роботот е бескорисен за скалите, аглите на таванот, троседот или внатрешноста на фиоките.
Поради ова, принудени сте да чувате и одржувате втора, голема правосмукалка за овие површини, што значи дека зафаќате дупло повеќе простор во домот и имате обврска рачно да чистите и празните две различни канти со прашина, поништувајќи ја идејата за целосна автоматизација.
SwitchBot K10+ Pro Combo го решава овој проблем со својот уникатен „3-во-1“ дизајн кој ги обединува најмалата роботска правосмукалка во светот и моќна безжична рачна правосмукалка во една заедничка база. Роботот, бидејќи е исклучително мал, влегува под столици и во тесни агли каде стандардните роботи не можат, додека рачната правосмукалка е тука за скалите и мебелот. Генијалноста на решението лежи во „Dual Auto-Empty“ базата, која автоматски ја вшмукува прашината и од роботот и од рачната правосмукалка во една кеса. Ова значи дека имате еден компактен уред што покрива 100% од домот (подови и површини), а вие немате никаков контакт со прашината и одржувате само еден систем наместо два.
Прочитај повеќе за SwitchBot K10+ Pro Combo.
Чист воздух скриен во модерна масичка

Проблем: „Естетскиот конфликт на гломазните уреди во мал простор“
Решение: SwitchBot Air Purifier Table
Сите сакаме чист воздух, особено ако имаме алергии или миленичиња, но реалноста е дека повеќето прочистувачи на воздух се големи, неестетски пластични кутии кои зафаќаат драгоцен поден простор и го нагрдуваат ентериерот на дневната или спалната соба. Дополнително, поставувањето на таков уред често значи дека губите место за ноќно шкафче или помошна масичка, а згора на тоа создавате хаос од кабли обидувајќи се да најдете штекер за прочистувачот и полначот за вашиот телефон покрај креветот.
SwitchBot Air Purifier Table генијално го решава проблемот со просторот и естетиката преку претворање на самиот апарат во функционален дел од мебелот. Овој уред служи како елегантна помошна масичка која совршено се вклопува до вашиот кревет или тросед, додека во својата внатрешност крие моќен и тивок HEPA систем за филтрирање на воздухот. Со ова решение, вие добивате чист воздух директно онаму каде што спиете или седите без да гледате во грда машина, а благодарение на вградениот безжичен полнач на горната површина, го елиминирате и нередот од кабли, добивајќи три функции – маса, прочистувач и полнач – во само еден отпечаток на подот.
Прочитај повеќе за SwitchBot Air Purifier Table.
Будење со сонце и енергетска ефикасност

Проблем: „Битката со будилникот и ефектот на стаклена градина“
Решение: SwitchBot Curtain 3 и SwitchBot Blind Tilt
Најтешкиот дел од денот за многумина е самото будење, особено кога тоа се случува со ненадеен и стресен звук на аларм во потполно темна соба, што го збунува вашиот биолошки часовник и ве прави да се чувствувате уморни уште пред да станете. Од друга страна, во текот на денот се соочувате со спротивниот проблем, каде заборавањето да ги спуштите ролетните или да ги затворите завесите пред да заминете на работа резултира со прегреан дом кога ќе се вратите, принудувајќи ве да ја вклучите климата на максимум и непотребно да трошите енергија. Дополнителна фрустрација претставуваат завесите и ролетните кои се тешко достапни, скриени зад кревети или масивни гарнитури, што го прави рачното прилагодување на светлината секојдневна физичка мака која често ја избегнувате.
SwitchBot Curtain 3 и SwitchBot Blind Tilt се паметни роботи кои ви нудат лесно решение. SwitchBot Curtain 3 е моќен робот кој се закачува на вашата постоечка шипка за завеси и ги затвора со една команда од вашиот мобилен телефон. Уникатната функција „QuietDrift“ овозможува завесите да се отвораат исклучително бавно и тивко, имитирајќи изгрејсонце за да ве разбудат природно со светлина наместо со звук. За венецијанерките, тука е SwitchBot Blind Tilt, уред кој се монтира на стапчето за вртење и прецизно го контролира аголот на ламелите за да пропушти точно онолку светлина колку што сакате. Кога овие уреди работат заедно со вградените сензори за светлина, тие автоматски го блокираат силното пладневно сонце за да го одржат домот ладен, а наутро ве будат нежно, целосно елиминирајќи ја потребата рачно да ги допирате завесите или ролетните.
Прочитај повеќе за SwitchBot Curtain 3 и SwitchBot Blind Tilt.
SwitchBot во Македонија
Иако SwitchBot е веќе долго присутен низ целиот свет, сега конечно пристинува и кај нас. Со гордост најавуваме дека КМ Смарт Системс со својата веб продавница SmartSpace.mk е единствениот официјален дистрибутер и продажен партнер на SwitchBot производи во Република С. Македонија.
Ова значи дека сите SwitchBot производи купени преку SmartSpace.mk се со гарантирано оригинално потекло, со фабричка гаранција, локална поддршка и најнова понуда директно од SwitchBot.Контактирајте не на info@smartspace.nospam.mk, support@smartspace.nospam.mk или на +389 70 596 444.