Оваа политика за приватност објаснува како и каде ги чуваме личните податоци на регистрираните корисници, посетители и купувачи на нашата веб-страница.

Последна ревизија: Јануари 2026

Опсег на Политиката

Оваа политика се однесува исклучиво за веб-страницата Smart Space (www.smartspace.mk) во сопственост на КМ Смарт Системс ДООЕЛ и сите поврзани поддомени. Не преземаме никаква одговорност за заштитата на личните податоци на други интернет страници до кои може да водат линкови од нашата страница.

Со регистрација и купување на нашата веб-страница, секој корисник потврдува дека е запознаен и се согласува со условите на оваа Политика за приватност.

Собирање на лични податоци

Податоците собрани при регистрација и/или нарачка се користат за следните цели:

  • Испорака на производот.
  • Реализација на плаќањето.
  • Рекламирање на нашите производи и услуги, доколку ја изберете таа опција.

Собраните податоци се чуваат во согласност со Законот за заштита на лични податоци и не се споделуваат со трети страни.

Сите информации собрани од веб-страницата, освен финансиските податоци, се за наша внатрешна употреба (следење на нарачки, релација со корисници, итн.).

Податоци што ги бараме при нарачка

  • Име и презиме.
  • Е-маил адреса.
  • Адреса за испорака на нарачката.
  • Контакт телефон.
  • Место, поштенски код, земја, промотивен код и забелешка за нарачката.

Цели на обработка на лични податоци

Компанијата може да ги користи и обработува Вашите лични податоци за следните намени:

  • Испорака и следење на нарачките.
  • Издавање на профактура или фактура.
  • Контакт по е-пошта, телефон, СМС или други електронски средства за да Ве известиме во врска со плаќањето или испораката на нарачката.
  • Доставување новости поврзани со SmartSpace.mk.
  • Спроведување анкети за задоволство на клиентите.
  • За комуникација со надлежни државни институции (на пр. инспекциски служби или МВР).

Обработувачи на лични податоци

Следниве категории на обработувачи може да имаат пристап до личните податоци:

  • Компании за достава на производи.
  • Сервиси за сервисирање на производите на SmartSpace.mk.
  • Банки.
  • Маркетинг агенции за реализација на маркетинг активности.
  • Државни институции.

Собраните податоци нема да бидат објавувани или доставувани на трети страни без претходно дадена согласност, освен на надлежните органи како што е пропишано со законите на Република Северна Македонија. SmartSpace.mk го задржува правото да користи IP адреси и други податоци за откривање на идентитетот на корисниците во случај на законски постапки.

Ваши права како субјекти на лични податоци

Како субјект чии лични податоци се обработуваат, ги имате следниве права согласно Законот за заштита на личните податоци:

  • Да добиете информации од SmartSpace.mk за начинот на обработката и дали податоците се користат согласно целта за која се дадени.
  • Да поднесете барање до SmartSpace.mk за ажурирање, изменување или дополнување на Вашите нецелосни или неточни податоци.
  • Да побарате ограничување на обработката на личните податоци со нивно соодветно означување.
  • Да побарате бришење на Вашите лични податоци.
  • Да ја повлечете дадената согласност за обработка на лични податоци.
  • Да поднесете приговор за начинот на обработката.

Финансиски податоци

Ние не собираме финансиски информации како број на картичка. Податоците за банкарската сметка и кредитната картичка се чуваат и користат исклучиво од страна на банкарскиот платежен систем за извршување на трансакциите и наплата на нарачките. Трансакцијата се процесира преку современ банкарски процесор, кој користи современа заштита на податоците и сигурна конекција.

Заштита на податоците

Ги преземаме сите неопходни заштитни мерки за минимизирање на ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци на купувачите.

Употреба на „колачиња“ (Cookies)

Нашата веб-страница користи текстуални датотеки наречени „колачиња“ (cookies). Тие се мали текстуални датотеки што се запишуваат во Вашиот мобилен уред или компјутер при посета на веб-страница. Колачињата ги чуваат Вашите поставки во прелистувачот (јазик, големина на фонт) за да не мора повторно да ги поставувате при следна посета. Некои се клучни за правилно функционирање на страницата, а некои се за статистички цели.

Колачињата ни помагаат да го следиме движењето на посетителите за да ја оптимизираме и унапредиме функционалноста на страницата. Овие датотеки не се поврзуваат со Вашите лични податоци. SmartSpace.mk ги користи сите информации од колачињата исклучиво за потребите на веб-услугата и за статистика, без да се загрози Вашата приватност. Доколку личните податоци треба да бидат запишани во колачиња, тоа ќе биде со Ваша претходна согласност.

Колку долго се чуваат Вашите лични податоци

Во случај на порачка на производи, личните податоци се чуваат до законскиот рок за чување на хартиена документација за правни лица, согласно усвоената листа на документарен материјал со рокови на негово чување. Штом ќе истече законскиот рок на чување, записите и личните податоци ќе бидат предмет на бришење. Бришењето на податоци се случува до крајот на годината во која истекла законската основа за чување и обработка на податоците.

Контакт

За прашања, предлози или барања поврзани со заштитата на личните податоци (вклучително корекција или бришење на податоците), можете да не контактирате на следниот е-mail:

Email Podrska - SmartSpace.mk info@smartspace.nospam.mk


Вашиот е-mail и содржината на Вашето барање ќе бидат искористени само за да Ви одговориме на упатеното прашање или предлог.

КМ Смарт Системс ДООЕЛ
Адреса: Кеј 30ти Август бр.4 Виница, Северна Македонија
e-mail: info@smartspace.nospam.mk; support@smartspace.nospam.mk
Телефон: +389 70 596 444
Viber: +389 70 596 444
WhatsApp: +389 70 596 444