1. Општи услови
Со овaa Политика и Правила на купување на smartspace.mk се дефинираат правилата, процедурите и односите што произлегуваат од онлајн нарачката, процесот на плаќање и купувањето на производите понудени преку официјалната веб-страница www.smartspace.mk.
За потребите на овој документ, следните термини го имаат ова значење: „Посетител“ е секое лице кое користи електронски средства за комуникација за да пристапи на веб-страницата www.smartspace.mk и да ја разгледа понудата на производи. „Купувач“ е секое физичко или правно лице кое преку истата веб-страница ќе иницира нарачка и ќе изврши купување на производи од понудата на Smartspace.
Целокупниот деловен однос помеѓу Посетителот, односно Купувачот, и Smartspace подлежи на важечките позитивни законски прописи во Република Северна Македонија, особено од областа на електронската трговија, заштитата на личните податоци и заштитата на правата на потрошувачите.
2. Процес на нарачка и купување
Купувачот може да избере еден или повеќе производи од понудата на www.smartspace.mk. Пред да го реализира финалното плаќање, купувачот може во секое време да ја откаже, дополни или корегира нарачката.
За реализација на нарачката, регистрацијата на кориснички профил не е задолжителна, но купувачот мора да ги остави потребните податоци за контакт и точна адреса за испорака. По завршувањето на нарачката, на наведената e-mail адреса ќе биде испратена потврда за истата.
Количините на производите се ограничени. Согласно тоа, Smartspace го задржува правото да откаже одредена нарачка поради исцрпување на залихите.
Во случај на евентуални технички проблеми или грешки со интернет страната, Smartspace има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување. Доколку уплатата е веќе реализирана, Smartspace е должен да изврши целосен поврат на уплатените средства од страна на купувачот.
3. Цени и услови на плаќање
Сите цени на производите објавени на www.smartspace.mk се изразени во денари (МКД) и во нив е вклучен пресметаниот ДДВ.
Smartspace го задржува правото за промена на цените во согласност со својата деловна политика, без претходно известување за корисниците. Доколку нарачката е веќе прифатена, корекција на цената нема да се врши. Купувачот се обврзува да ја плати цената која била понудена во моментот на креирање на нарачката, без оглед на евентуалните промени што настанале во меѓувреме.
Исклучок од ова е постоење на очигледна техничка грешка при впишувањето на цената. Во таков случај, Smartspace веднаш ќе ги извести купувачите кои извршиле нарачка или уплата. Купувачот во овој случај го задржува правото да одлучи дали ќе ја прифати новата, коригирана цена или ќе ја откаже нарачката.
Плаќањето за нарачките може да се изврши со следните платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro (само доколку картичката поседува CVV2/CVC код на позадината). Наплатата се процесира преку наш овластен банкарски партнер.
4. Политика на испорака
Нарачки преку нашата интернет страница може да се направат од било кој дел на светот, но испораката на производите се врши исклучиво на територијата на Република Северна Македонија.
Производите се доставуваат на адресата која купувачот ја навел како адреса за испорака. Можете да наведете и адреса различна од вашата, доколку сакате производот да биде испорачан на друга адреса доколку сте надвор од државата или како подарок.
Испораката се врши преку нашиот партнер Карго Експрес. Цената за испораката се одредува според важечкиот ценовник на Карго Експрес за испорака до врата во моментот на испраќање на пратката.
Предвиденото време за испорака е до 72 часа (3 работни дена) од моментот на потврдување на уплатата од страна на банката и нашите оператори. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови. Smartspace го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот.
Нарачките направени по 16:00 часот се процесираат следниот работен ден, по што започнува да тече рокот за испорака. Нарачките направени во петок по 16:00 часот, во сабота, недела или за време на државни празници, се обработуваат во наредниот прв работен ден.
Пред самата достава, купувачот ќе биде контактиран телефонски од страна на доставувачот (на телефонскиот број оставен за контакт) за потврдување на датумот и времето на испораката. Smartspace не може да преземе одговорност за евентуални доцнења предизвикани од страна на компанијата ангажирана за испорака.
5. Прием на производи
Производите се доставуваат соодветно спакувани во заштитни кутии до влезната врата на наведената адреса (куќа или станбена зграда).
Купувачот е должен при самиот прием да ја прегледа пратката. Доколку се воочат надворешни оштетувања при транспорт или доколку недостасува некој производ од нарачката, купувачот треба веднаш да приговори кај лицето што ја врши испораката и да го информира Smartspace. Сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот нема да бидат прифатени.
Со секој производ се доставува и пропратна документација: фактура-испратница (која купувачот ја потпишува), гарантен лист и упатство за користење/употреба.
6. Враќање и замена на производи
Купувачот има право да го врати купениот производ во рок од 7 дена од датумот на испорака. Услов за враќање е производот да биде во истата физичка состојба како што е испорачан: неупотребуван, неотпакуван, со сите фабрички етикети и ознаки. Повратот на средствата се врши на истата банкарска сметка која била користена при плаќањето.
Доколку враќањето на производот не е по вина на Smartspace или доставувачот (пр. техничка грешка, оштетување), туку по желба на купувачот, од вкупната сума за поврат ќе биде одбиен трошокот за транспорт.
Согласно Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право на замена на производ со соодветен квалитет (доколку не одговара во однос на форма, големина, модел, боја) во рок од 15 дена од денот на купување. Замената се врши само доколку производот не бил употребуван, со сочуван изглед, употребни својства и фабрички етикети, заедно со оригиналната фискална сметка или фактура-испратница.
Доколку во моментот на барањето за замена Smartspace нема соодветен производ на залиха што ќе одговара на потребите на потрошувачот, купувачот има право по свој избор да бара раскинување на договорот и враќање на платениот износ.
7. Гаранција
Секој технички производ купен преку www.smartspace.mk има соодветен гарантен рок одреден од продавачот во гарантниот лист. Гарантните услови се дефинирани во гарантниот лист или во самото Упатство за користење/употреба.
Гаранцијата престанува да важи во следниве случаи:
- Доколку купувачот не достави важечки гарантен лист и доказ за купување (фискална сметка или фактура).
- Доколку имало обиди за поправка на производот од неовластени лица или сервиси.
- Доколку се утврдат оштетувања или дефекти настанати поради неправилна употреба на производот.
- Доколку постојат физички оштетувања на производот настанати по приемот.
Гаранцијата на производот не ги покрива компонентите и додатоците кои имаат ограничен рок на траење (на пр. батерии, потрошен материјал и сл.).
8. Поддршка на корисници
За сите дополнителни информации, прашања или помош во врска со реализацијата на интернет продажбата, можете да нè контактирате на телефонскиот број +38970596444 (достапен во периодот од 08:00 до 16:00 часот) или преку нашата e-mail адреса:
9. Завршни одредби
Со реализирање на нарачка преку www.smartspace.mk, Купувачот потврдува дека е запознаен и целосно согласен со овие Услови и правила за купување и се обврзува да ги почитува во целост.